header1 header2 header3 header4 header5 header6

За нашиот регион

Визија:
Скопскиот плански регион е конкурентен регион во ЈИЕ со препознатлив потенцијал за инвестиции и развој во функција на подигање на стандардот и квалитетот на живот на граѓаните и искористување и заштита на природното и културно наследство рамномерно во регионот.

Развојни карактеристики на регионот

  • Економски карактеристики
  • Социјален развој
  • Инфраструктура
  • Туризам и култура
  • Животна средина
  • Земјоделство и рурален развој

Центарот за развој на скопскиот плански регион ги врши следните работи:

  • Изготвува предлог-програмата за развој на планскиот регион;
  • Изготвува предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на планскиот регион;
  • Подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и за подрачјата со специфични развојни потреби;
  • Координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на планскиот регион и ги реализира проектите за развој на планскиот регион;
  • Обезбедува информации до заинтересираните страни за текот на реализацијата на Програмата за развој на планскиот регион и други прашања поврзани со регионалниот развој;
  • Обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој;
  • Обезбедува стручни услуги на здруженија на граѓани и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој;
  • Поттикнување меѓу-општинската соработка во рамките на планскиот развој;
  • Спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од фондовите на Европската унија и други меѓународни извори;
  • Врши промоција на развојните можности на планскиот регион и
  • Врши стручни и административно-технички работи за потребите на советот за развој на планскиот регион.

Тим

Розета Арсовска
Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион
емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел.: +389 2 3218 480

  • Го претставува, застапува и раководи со Центарот;
  • Управува со имотот на Центарот; 
  • Воспоставува и одржува хоризонтална и вертикална комуникација; 
  • Ја координира, насочува и контролира работата на Центарот; 
  • Донесува Правилник за систематизација на работните места во администрацијата на Центарот; 
  • Одлучува за вработувањата, правата, должностите и одговорностите на вработените;
  • Предлага на Советот за развој на Скопскиот плански регион: програми и планови, предлог проекти, извештаи и останати документи изготвени од страна на Центарот; 
  • Врши други работи утврдени со Закон.
     
Ирина Тростјанска
Советник за административно-технички работи
емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел.: +389 2 3218 480
 
Ванчо Ќулумоски
Советник за правни и нормативни работи
емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел.: +389 2 3218 480
 
Озан Адемовски
Координатор за регионален развој
емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел.: +389 2 3218 480
 
Викторија Митрикеска
Координатор за одржлив развој и поддршка на приватен сектор
емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел.: +389 2 3218 480
www. http://investinskopjeregion.mk/

Совет за развој на СПР

Советoт за развој на планскиот регион се формира за секој  регион посебно.

Членови на Советот за развој на Скопскиот плански регион се Градоначалниците  на Единиците на локална самоуправа во состав на регионот и Градот Скопје.

Со Советот раководи Претседателот, кој се избира од редот на Градоначалниците, со мандат од 2 (две) години.

Општини во Скопскиот плански регион: (ќе има линк за со веб страната на секоја општина кога ќе се кликне и ќе има лого на секоја општина)

Град Скопје Аеродром Бутел
Гази Баба Ѓорче Петров Карпош
Кисела Вода Сарај Центар
Чаир Шуто Оризари Арачиново
Зелениково Илинден Петровец
Сопиште Студеничани Чучер Сандево 

Советот за развој на Скопскиот плански регион ги врши следните функции:

  • Ги организира и координира активностите за следење и оценување на спроведувањето на планските документи за регионален развој;
  • Донесува Програма за развој на планскиот регион, по претходна согласност од Советот за рамномерен регионален развој;
  • Донесува годишен акционен план за спроведување на Програмата за разој на планскиот регион;
  • Утврдува годишна листа на предлог-проекти за равој на планскиот регион; 
  • Доставува предлози до Бирото за регионален развој за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби во рамки на  планскиот регион, согласно со критериумите од членот 7 на овој закон;
  • Обезбедува координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државните агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој;
  • Иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор;
  • Ја промовира прекуграничната соработка со региони од други земји врз  основа на заедничките интереси; 
  • Врши и други работи од областа на регионалниот развој утврдени со закон;
  • Советот за развој на планскиот регион усвојува годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на планскиот регион.

Консултански услуги за подготовка и имплементација на проекти 

  • Информирање за достапни фондови и отворени повици 
  • Подготовка на предлог проекти 
  • Подготовка на предлог проекти 
  • Реализација на проекти 
  • Фасилитирање партнерства 
  • Советувања при имплементација на проекти 

Услуги за промоција 

  • Организирање на промотивни настани и учество на саеми во име на регионот 
  • Организирање на информативни денови 
  • Подготовка на промотивни материјали за регионот 
  • Подршка при учество на саеми 

Обуки и услуги 

  • Реализација на обуки 
  • Организација и менаџирање на обуки од трети лица 
  • Oрганизација на средби помеѓу засегнати страни од регионот и вон него 
  • Настани за градење свесност за Регионалниот развој 
  • Изработка на извештаи и анализи од регионалниот развој 

Лобирање 

  • Лобирање за различни програми за засегнати страни од регионот 
  • Лобирање за потребите на бизнис секторот 

Подршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија 

  • Организирање на промотивни настани и советодавни информативни средби 
  • Интерактивен веб портал

За потребите на планирањето на регионален развој и имплементацијата на мерките и инструментите за поттикнување на рамномерниот регионален развој, воспоставени се плански региони во Република Македонија. Планските региони се единиците на НТЕС трето ниво утврдени со акт на Владата на Р. Македонија за утврдување на номенклатурата на територијалните единици за статистика – НТЕС.

Програмата за регионален развој на Скопскиот плански регион претставува основен развоен документ на регионално ниво за периодот од  2009 до 2014 година. Таа ја дефинира моменталната состојба на регионот, стратешките правци за развој и предлага мерки за утврдување и надминување на постоечките услови. Програмата е подготвена во периодот јуни-август 2009 година, водена од страна на Советот и Центарот за развој на Скопскиот плански регион во партнерство со повеќе од 140 претставници од општините од регионот, Министерството за локална самоуправа, експерти и УСАИД.

Програмата за развој на регионот е усвоена од страна на Советот за развој на Скопскиот плански регион (декември, 2009) по претходна согласност од страна на Советот за рамномерен регионален развој на Република Македонија. 

Програма за развој на Скопски Плански Регион

Подкатегории

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk