• „Изработка на студија за мапирање и промоција на природното и културно-историско наследство во Скопскиот плански регион”.
  • „Изработка на Студија за мапирање на инвестициските потенцијали во Скопскиот плански регион“.
  • „Изработка на техничка документација за  изведба на нов паралелен водовод на веќе постоечки азбестен цевковод од Цементарница Усје до Драчево". 
  • „Изработка на техничка документација за ХМС „Скопско поле“.
  • „Изработка на техничка документација - инфраструктурен проект за изградба на локален пат „Александар Урдаревски“. 
  • „Реконструкција на локален пат „Драчево-мотел Китка“ во должина од 600 м., фаза 2. 

„Изработка на студија за мапирање и промоција на природното и културно-историско наследство во Скопскиот плански регион” во периодот октомври, 2011 година-јануари, 2012 година. Проектот е финансиран од страна на Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој. Проектот се реализира на ниво на Скопски плански регион, а партнер на проектот е Град Скопје. Проектните активности опфаќаат:

  1. Изработка на Студија за мапирање на културно-историското наследство, која опфаќа: евидентирање на сите културно-историски објекти и природни ресурси кои се лоцирани во Скопскиот плански регион, а со тоа и формирање на база на податоци за ерификација на истите.
  2. Изработка на Брошури за промоција на природното и културно-историското наследство
  3. Изработка на Мапа на регионот со обележани знаменитости
  4. Електронска веб презентација на природното и културно-историското наследство во Скопскиот плански регион

„Изработка на Студија за мапирање на инвестициските потенцијали во Скопскиот плански регион“ во периодот од декември, 2011-фебруари, 2012 година. Проектот е финансиран од страна на Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој.

Проектните активности опфаќаат: изработка на Студија која ќе ги мапира инвестиционите локациски потенцијали во Скопскиот плански регион, ќе овозможи подобро позиционирање на Скопскиот плански регион vis-via потенцијални домашни и странски инвеститори, а во однос на конкурентните региони во соседните земји на Р.М., како и зголемување на бројот на потенцијални инвеститори. Проектот се реализира на ниво на Скопски плански регион во партнерство со Град Скопје.


„Изработка на техничка документација за  изведба на нов паралелен водовод на веќе постоечки азбестен цевковод од Цементарница Усје до Драчево".
Изработката на техничката документација опфаќа изработка на: Основен проект во должина од 7 км, како и изработка на Елаборат за нумерички податоци. Време на имплементација: јануари-март, 2012 година. 

Проектот е финансиран од страна на Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој. Партнер општини: Зелениково и Кисела Вода.


„Изработка на техничка документација за ХМС „Скопско поле“.
Изработката на техничката документација опфаќа изработка на: Основен проект за Главен канал и канал Азмак од Горна зона, Геодетски елаборат со снимање ситуација на терен и обележување на Главен канал од Горна зона, како и Геодетски елаборат за нумерички податоци. Време на имплементација: јануари-март, 2012 година. Проектот е финансиран од страна на Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој. Партнер општини: Илинден и Зелениково.


„Изработка на техничка документација - инфраструктурен проект за изградба на локален пат „Александар Урдаревски“.
Изработката на техничката документација опфаќа изработка на: Инфраструктурен проект во должина од 2,5 км, како и Елаборат за оценка на влијание на животна средина. Време на имплементација: јануари-март, 2012 година. Проектот е финансиран од страна на Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој. Партнер општини: Шуто Оризари и Бутел.


„Реконструкција на локален пат „Драчево-мотел Китка“ во должина од 600 м., фаза 2.
Време на имплементација: фебруари-април, 2012 година. Проектот е финансиран од страна на Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој. Партнер општини: Студеничани, Кисела Вода и Зелениково.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk