Резултати: Изработена Студија за ревалоризација на природните вредности на споменикот на природата Катлановски предел. Преку изработената студија се изврши истовремено дефинирање на новите граници на заштитеното подрачје, кое значително се разликува од претходните граници. 

Преку проектните активности, за време на изработката на студијата, беа одржани координативно средби со сите заинтересирани страни како: претставници од општина Петровец, постечки концесионери на територијата на општината, претставници од Министерство за економија, како и Министерство за животна средина.

Исто така се одржа и јавна презентација и расправа по однос на предлог изработената студија, на која имаше и претставници од МЛС и БРР исто така. 

Изработената студија е доставена до Министерство за животна средина, со цел спроведување на понатамошен процес за прогласување на ново заштитено подрачје на територијата на Катлановски предел согласно Законот на заштита на природата (Сл. Весник на Р.М. бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11 и 148/11). 

Финалната студија е завршена на 31.10.2014 год. Рокот на имплементација на проектот изнесуваше 6 месеци (заради опфатот на 3 годишни времиња кои беа предмет на истражување).

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk