Проектот е финансиран преку билатералната меѓународна развојна помош од Р. Словенија наменета за земјите во развој, а го реализира Центарот за развој на Скопскиот плански регион во соработка со Регионалната развојна Агенција Козјанско, Р. Словенија.

Денес се одржа првиот состанок на Проектниот одбор кој го сочинуваат претставници од: општините и Градот Скопје од Скопскиот регион, Агенција за поддршка и промоција на туризмот на Македонија, ХОТАМ, Министерство за економија (сектор за туризам), како и Стопанска комора за турзам на Македонија.

На одржаниот состанок се утврдија временската рамка за реализација на идните активности, односно изработката на стратешкиот документ и оперативниот план (кој ќе вклучува препорака за конкретни развојни проекти од областа на туризмот и туристичката инфраструктура до 2014 год), одржувањето на јавен форум и тркалезна маса.

Стратегијата за развој на туризам се изработува од страна на консултантската фирма „Инцептум“ Р. Словенија, со административна и стручна поддршка од страна на „Хуманополус“ во Македонија.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk