Целта на проектот е подобрување на работењето на јавната администрација, преку едукација на кадрите за употреба на ИКТ решенија, со цел побрза и поквалитетна услуга. Преку ИКТ обуката, раководителите и вработените во државната служба ќе бидат постручни, поконкурентни и опремени со вештини кои се потребни за придонесување кон зголемување на квалитетот и подобрување на продуктивноста. Програмата е во согланост со потребите на државната служба и со намерата да се намали “јазот на ИКТ употребата” за да се зголеми ефикасноста на вработените.

Проектот е финансиран преку билатералната меѓународна развојна помош од Р. Словенија наменета за земјите во развој, а го реализира Центарот за развој на Скопскиот плански регион во соработка со Регионалната развојна Агенција Козјанско, Р. Словенија.

Денес се одржа првиот состанок на Проектниот одбор кој го сочинуваат претставници од: општините и Градот Скопје од Скопскиот регион, Агенција за поддршка и промоција на туризмот на Македонија, ХОТАМ, Министерство за економија (сектор за туризам), како и Стопанска комора за турзам на Македонија.

    1.  Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Скопски плански регион“. Проектот се имплементира во партнерство со Регионална Развојна Агенција Козјанско од Р. Словенија. Проектот е финансиран од Владата на Р. Словенија од Програмата за билатерална поддршка, а е кофинансиран од Развојната Агенција Козјанско. Време на имплементација: ноември 2011 до јуни 2012 година.

Резултати: Изработена Студија за ревалоризација на природните вредности на споменикот на природата Катлановски предел. Преку изработената студија се изврши истовремено дефинирање на новите граници на заштитеното подрачје, кое значително се разликува од претходните граници. 

Преку проектните активности, за време на изработката на студијата, беа одржани координативно средби со сите заинтересирани страни како: претставници од општина Петровец, постечки концесионери на територијата на општината, претставници од Министерство за економија, како и Министерство за животна средина.

Исто така се одржа и јавна презентација и расправа по однос на предлог изработената студија, на која имаше и претставници од МЛС и БРР исто така. 

Изработената студија е доставена до Министерство за животна средина, со цел спроведување на понатамошен процес за прогласување на ново заштитено подрачје на територијата на Катлановски предел согласно Законот на заштита на природата (Сл. Весник на Р.М. бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11 и 148/11). 

Финалната студија е завршена на 31.10.2014 год. Рокот на имплементација на проектот изнесуваше 6 месеци (заради опфатот на 3 годишни времиња кои беа предмет на истражување).

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk