Контакт инфо

Адреса:
Ул. Димитрија Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје, Македонија

contact@skopjeregion.gov.mk
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

На 28 Јануари 2010г., г. Тони Трајковски, претседателот на Советот на Скопскиот плански регион, г. Дамијан Перне, претседател на Советот на Горењска регионот,Р.Словенија како и директорот на Агенцијата за развој на Горењска регионот, г. Бого Филипич и раководителот на Центарот за развој на скопскиот плански регион, г-ца Анета Лозаноска, своерачно го потврдија Меморандумот за соработка меѓу двата региони и Центри за развој.

Воспоставена е соработка помеѓу регионот на Горењска и Скопскиот регион, како и помеѓу Регионалната развојна агенција на Горењска – BSC Крањ и новоформираниот Центар за развој на Скопската регија. 

Во периодот од 27 – 29 Јануари, 2010 г., делегација предводена од претседателот на Советот на Скопскиот плански регион во придружба на 10 градоначалници од Скопскиот плански регион, раководителот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, и неколку претставници од други институции, остварија официјална посета на регионот Горењска и Агенцијата за развој на Горењска регионот. Во рамките на посетата беа посетени многу институции и деловни субјекти, како и погледнати конкретните ефекти од реализираните проекти преку фондовите на ЕУ.

Во рамките на посетата беше остварена средба и со првиот човек на групацијата Сава Крањ, г. Јанез Бохорич, кој е почесен конзул на Република Македонија во Република Словенија, како и со градоначалниците на општините Блед и Радољица, и заменик градоначалникот на Јесенице.

За време на престојот, се посети и една од најмодерните депонии за цврст отпад во регионот и пошироко, со заокружен технолошки систем (сортирница, компостара, балирање, селекција итн.) во Цеље, Савињски регион. Во Цеље се посети и пречистителна станица која ги сервисира потребите на градот.   

Со проектот „Техничка помош на Центарот за развој на Скопската регија и размена на знаења на подрачјето на подготовка и имплементација на регионални развојни програми и ЕУ проекти“, партнерите од регионот Горењска ќе му помагаат на нововоспоставениот Центар за развој на Скопскиот плански регион за воспоставување на ефикасно и ефективно делување на Центарот.

Меѓудругото дел од оваа соработка ќе биде пренос на богатото знаење и искуство на BSC Регионалната агенција (како и на нивните вработени) при подготовката и вклучувањето во регионални, локални и ЕУ проекти како и на други инструменти на помош (норвешки финансиски механизам, швајцарската помош) кои го помагаат локалниот но и регионалниот развој.

Потоа би следеле проектни активности на принципот приспособување преку делување на тема подготовка и имплементација на проекти од подрачјето на: Технолошки и економски развој, Развој на човечки ресурси, Рурален развој (проект LEADER), комунална инфраструктура, водоснабдување, отпад, Туризам, Енергетска ефикасност и употреба на обновливите извори на енергија, Одржлив развој итн

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk