На ден 15.07.2014г. (вторник) во просториите на Скопски саем, ценатарот за развој на Скопски плански регион и  Министерството за локална самоуправа го отворија Првиот Регионален центар за соработка со бизнис заедницата во присуство на  министерот за локална самоуправа Лирим Шабани и градоначалниците на 17-те општини од Скопскиот плански регион.

Со поддршка на Министерството за локална самоуправа и на УНДП која што ја обезбедува опремата за канцелариите, Центрите за соработка со бизнис заедницата најпрво ќе бидат отворени во Скопскиот, Полошкиот, Источниот и во Југозападниот плански регион. Во другите плански региони ќе биде воспоставена Мрежа за инклузивен развој, која што веќе функционира во Вардарскиот плански регион.

 

На прес конференцијата која беше одржана по овој повод, се обратија директорката на Скопскиот плански регион, Анета Л. Раввлинсон, министерот за локална самоуправа Лирим Шабани и градоначалникот Тони Трајковски.

Министерот Шабани истакна дека приоритет на Министерството за локална самоуправа е да го поттикне развојот на општините и на регионите. Идејата е на ниво на регион да се создадат цврсти релации меѓу јавниот сектор-општините и бизнис секторот, заради обезбедување на заедничка поддршка во определувањето на приоритетие на регионот, реализација на проекти, поддршка на малите и средните бизниси, привлекување на инвестиции преку претставување на бизнис климата во регионот и слично. Регионалниот Центар ќе ја има бизнис мапата на постоечките субјекти, како и на можностите за отварање на нови бизниси преку поддршка на домашните и странски инвеститори, кој истакна дека не смее да има административни бариери за квалитетните идеи, а Регионалниот центар ќе биде линкот меѓу бизнис секторот, локалните власти и централната власт. Настапуваме “Заедно, за развој на планскиот регион”. Очекувам овој пристап да даде ефекти и во обезбедувањето и на поголеми средства од ИПА фондовите на Европската Унија, преку  организиран и координиран настап, со проекти кои што ќе бидат препознаени и од Европската Унија и од граѓанит, рече министерот Шабани.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски ја поздрави иницијативата на Владата на РМ и на Министерството за локална самоуправа, со поддршка на УНДП, се со цел подобра комуникација и подобра заедничка соработка со бизнис заедницата, како во делот за побрза размена на информации и услуги, така и во делот на иницирање на заеднички проекти со бизнис секторот, пред се со коморите, бизнис заедниците, кластерите, инкубаторите, невладините организации, академскиот сектор и сл.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk