На ден 30.11.2018 г. се одржа IX (деветата)седница на Советот за развој на Скопски плански регион. Покрај градоначалниците од Скопскиот регион, на седницата присутвуваа и претставници од Бирото за раегионален развој (БРР).

Седницата се одвиваше по дневниот ред:

  1. Усвојување на записникот од VIII (осмата) Седница на Советот за развој на Скопски плански регион
  2. Предлог проекти за финансирање од страна на МЛС/БРР за 2019 год
  3. Предлог-Одлука за утврдување на приоритетна листа на проекти за аплицирање до МЛС/Биро за регионален развој
  4. Разно

На барање  на присутните дневниот ред беше дополнет со точка - Избор на Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион, кој беше усвоен од страна на Градоначалниците.

 Советот за развој на Скопски плански регион со мнозинство на гласови избра шест проекти со кои Центарот за развој на Скопски плански регион ќе аплицира со следните општини: Ѓорче Петров, Центар, Гази Баба, Арачиново, Илинден, Бутел, Шуто Оризари во Министерство за локална самоуправа/Биро за регионален. Средствата кои министерството  ги кофинансира се во износ од 20 милиони денари.

Понатаму следеше информација од страна на преставници од Бирото за регионален развој кои информираа дека оваа година Влада на Р.Македонија го зголеми буџетот за околу 35% за проектите за сите Планските региони. Исто така се потенцираше дека преоектите кои не се од регионално значење нема да бидат воопшто разгледани.

Изборот за новиот Раководител беше спроведен од страна на Комисија која ја сочинуваат градоначалници од три општини од Скопскиот регион и тоа:

  1. Градоначалник на општина Гази Баба Г-дин Борис Георгиевски – Претседател на Комисијата
  2. Градоначалник на општина Ѓ.Петров – Г-дин Александар Наумоски Член на Комисијата и
  3. Градоначалник на општина Арачиново – Г-ѓа Миликије Халими Член на Комисијата

На седницата од страна на претседателот на Советот  официјално беше претставен и назначен новиот Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо-Кец Мицковски.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk