На ден 23.02.2018 година во просториите на Град Скопје се одржа четвртата Седница на Советот за развој на Скопски Плански регион. На Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион, Градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски и раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска. На седницата присуствуваа градоначалниците од Скопскиот регион.

а седницата беше презентиран проектот SAMCODE за ефикасно управување со градежен отпад во СПР и беше презентирана информација за завршен ИПА проект за "Изработка на неопходна документација за воспоставување на интегриран финанасиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски плански регион", по што се отвори дискусија помеѓу присутните.

На Седницата беше усвоена одлуката за избор на Претседател на меѓуопштински одбор за управување со отпад и одлука за избор на технички лица во рамките на меѓуопштинскиот одбор. Дополнително се усвоија и Годишниот работен и финансиски извештај за работењето на Центарот за развој на Скопски плански регион и Извештајот за реализација на Програмата за развој на СПР за 2017 година.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk