На ден 20.03.2017 се одржа осумнаесеттата Седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион. На Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Скопскиот плански регион, Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски. На средбата присуствуваа градоначалници од општините во Скопскиот плански регион и  г-ѓа Ана Каранфиловска Мазнева, претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ.

Согласно дневниот ред на Седницата, се дискутираше за единаесет точки , при што дискусијата се задржа на активностите во врска со проектот кој го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, за изработка  на неопходна документација  за воспоставување  на интегриран финансиски самоодржлив систем за  управување со отпад, кој се спроведува во Скопскиот плански регион.

На седницата  се усвои Годишниот извештај  за работењето  на Центарот за развој на Скопскиот плански регион за 2016 година како и Извештајот  за реализација  на Програмата за развој на Скопскиот плански регион за 2016 година. Пред присутните гости беше презентиран и отворениот повик за финансирање на проекти во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, спроведуван од Владата на Р.Македонија а финансиран од Светска Банка за обнова и развој.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. Седиштето на Центарот за развој е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, односно општина Гази Баба.

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk