На ден 30.11.2015 се одржа XI седница на Советот за развој на Скопски плански регион. Истата се одржа во Скопски саем, сала Дипломатик.

На 11 –та седница беше усвоен Записникот од минатата седница, потоа со своја презентација се престави м-р Лазар Гечевски, консултант за енергетика со  Презентација на законските и подзаконските одговорности на општините во областа на енергетиката и катастар (фокус на легализација на бесправно изградени инфраструктурни линиски објекти) и подзаконски акти за енергетска ефикасност.

Беше усвоена и приоритетна листа на проекти за 2016 год, беше Усвоен Акциониот план за реализација на Програмата за развој на СПР за 2016 година, и исто така беше усвоен и Финансовиот план за 2016 год за тековно работење на ЦРСПР.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk