На ден 31.05.2012год  во 11:00 часот  се одржи XVII седница на Советот за развој на Скопски плански регион во хотел Континентал. Со седницата раководеше Претседателот на Советот на Скопски плански регион г-дин Сокол Митровски.На седницата присуствуваа  г-дин Сашо Лазаровски, Заменик Министер за локална самоуправа на Р.М, г-дин Сашо Стефаноски, Државен Секретар во Министерство за локална самоуправа на Р.М,  г-ѓа Маја Милошеска, Агенција за странси инвестиции и г-ѓа Светлана Петровска од Таргет Коминикации.
Претседателотна Советот на самиот почеток ги поздрави присутните Градоначалници и присутните соработници и им се заблогодари на нивното присуство. Потоа г-ѓа Светлана Петровска го презентираше изработениот проект ,,Студија за мапирање на инвестициските потенцијали во Скопскиот плански регион.
Раководителот на ЦРСПР г-ѓа Анета Лозаноска го презентираше Извештајот за имплементираност на Програмата во 2011 година, Акциониот план за имплементација на програмата во 2012 година и Финансискиот извештај на Центарот за 2011 година.
Раководителот на ЦРСПР г-ѓа Анета Лозаноска ги информираше присутните за учество на прв саем на Регионите од Југоисточна Европа (Радовиш Експо 2012година).

 

 

На ден 15.02.2012год  во 11:00 часот во општина Арачиново се одржи XVI (шеснаесетатта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион.Со седницата раководеше Претседателот на Советот на Скопски плански регион г-дин Сокол Митровски.На седницата присуствуваше и заменик министер за локална самоуправа г-дин Сашо Лазаровски.

На 29.12.2011год. со почеток во  13 часот  беше одржана XV (петнаестата) седница на Скопски плански регион. Со седницата раководеше Претседателот на Советот на Скопски плански регион г-дин Сокол Митревски.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk