На денешната 20-та Седница на Советот за развој на Скопски плански регион (20.02.2013), точки на дневен ред беа:

  1. Промоција на проектот: Мапирање на културното и природното наследство во Скопскиот плански регион;
  2. Усвојување на работниот и финансискиот извештај за 2012 година на Центарот за развој;
  3. Усвојување на Реализацијата на Програмата за развој на Скопски плански регион во 2012 година (реализирани проекти согласно програмата);
  4. Усвојување на Акциониот план за 2013 година (проекти кои се планираат да се реализираат во 2013 год. од регионален карактер).

На ден 05.12.2012год  во 10:00 часот  се одржа XIX седница на Советот за развој на Скопски плански регион во х. Континентал. Со седницата раководеше Претседателот на Советот на Скопски плански регион г-дин Сокол Митровски. На седницата присуствуваа г-дин Горан Ангелов, Директор во ЈП Дрисла, г-дин Игор Трајковски, Директор на Управата за животна средина, г-ѓа м-р Ана Каранфилова Мазневска, Раководител на сектор за управување со отпад, како и г-ѓа Даринка Јантинска, Заменик раководител на секторот за соработка и проектна координација од Министерство за животна средина и просторно планирање.

На ден 13.09.2012год  во 11:00 часот  се одржа XVIII седница на Советот за развој на Скопски плански регион во х. Континентал. Со седницата раководеше Претседателот на Советот на Скопски плански регион г-дин Сокол Митровски. На седницата присуствуваа г-дин Сашо Лазаровски, Заменик Министер за локална самоуправа на Р.М, г-дин Сашо Стефаноски, Државен Секретар во Министерство за локална самоуправа на Р.М., претставници од Регионалната развојна Агенција Козјанско, Р.Словенија и преставници од проекниот одбор за изработка на Стратегијата за туризмoт во СПР.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk