На ден 05.10.2015 година се одржа X (десетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион во просториите на хотел „Камник“.

На Седницата  присуствуваа Г-дин Воутер Пломп ,Холандскиот амбасадор во Република Македонија, Г-дин Стево Темелковски, Заменик Министер,во Министерството за животна средина и просторно планирање, дел од градоначалниците од Локалната самоуправа, Делегација од Кралство Холандија, Г-ѓа Ана Каранфилова-Мазневска, МЖСПП; Г-ѓа Билјана Цветановска-Гугоска, Државен секретар во Министерството за локална самоуправа, како и Г-дин Горан Ангелов, Директор на депонија Дрисла.

На ден 03.04.2015 година беше одржана деветтата седница на Советот за развој на Скопски плански регион во Домот на културата - Општина Илинден. Седницата ја отвори и со неа раководеше претседателот на советот на Скопски планкси регион Г-дин Сокол Митровски. Беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Ценатрот за развој на Скопски плански регион и Сојуз на Стопанска комора на Р.М.

На ден 28.01.2015год  во 11:00 часот  Советот за развој на Скопски плански регион ја одржа својата VIII седница.

Главен фокус на седницата беше рагледување на предложената листа на проекти од регионален карактер за аплицирање на повикот: Шема за финансиска поддршка на трети лица (SFS) финансирано од ГИЗ РЕД и ЕУ за изработка на техничка документација. Земајќи ги во предвид висината финансиски средства и приориттеноста на проектите, градоначалниците едногласно се изјаснија дека Центарот за развој на Скопски плански регион треба да аплицира со следните два проекти: “Изработка на техничка документација за регулација на коритото на р.Лепенец” и “Изработка на Студија за валоризација наа Скопска Црна Гора”.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk