Во организација на Центарот за развој на Скопски плански регион и Министерството за финансии, денес (02.11.2018) во бизнис салата на Стопанска комора на Македоија, се одржа информативен насатан  на тема: Вториот Јавен повик МСИП 02/2018, проект за подобрување на општинските услуги предвидени во компонентата  А - Општински инвестиции  во износ од 8 милиони евра, каде беа претставени можностите за финансирање на проектите.

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка во форма на под-заеми на единиците на локалната самоуправа наменета за подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги и основната инфраструктура како што се водовод и канализација, патна инфраструктура (вклучувајќи изградба и рехабилитација) и други инвестиции кои имаат потенцијал за генерирање приходи, односно остварување заштеди во комуналните услуги или во други области кои се од висок приоритет за општините–учеснички.

По завршување на презентацијата се разви кратка дискусија која покажа голем интерес од страна на општините.

На настанот присуствуваа претставници од Министерството за финансии и претставници на општините од Скопскиот регион.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk