Во организација на Центарот за развој на Скопски плански регион на ден 01.11.2017 година, во просториите на Стопанска комора / Бизнис салата се одржа  работилница на која се разгледуваше Акциониот план за 2017 година. Работилницата ја отвори и ја водеше Г-ѓа Розета Арсовска Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион. На работилницата беа поканети преставници од општините како и преставници од бизнис секторот, каде се дискутираше за постојаните проекти како и за нови и поиновативни предлог проекти кои се однесуваат на подобрување на општините или на бизнис секторот во Скопскиот регион, а кои би биле дополна на Акциониот план за 2018 година.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk