Во тек е реализација на проектот ‘’Реконструкција на дел од пристапен пат до рекреативен центар ‘’Теферич’’ - Фаза 2. Средствата се обезбедени од страна на Биро за регионален развој (БРР)/Министерство за локална самоуправа (МЛС) согласно програмата за регионален развој за 2017 година. Носител на проектот е Центарот за развој на Скопски плански регион, а партнери се општините: Кисела Вода, Сопиште, Град Скопје.

Средствата за реализација на овој проект се во висина од 5.539.797,00 ден, каде што Општина Кисела Вода од својот буџет кофинансира 1 091 340,00 ден.

а овој потег ќе биде поставен нов асфалт,  ќе се изработат тротоари  кои ќе бидат поплочени со бехатон плочи, ќе се прошири патот, а предвидено е и осветлување на истиот во должина од 500м. Овој пат е од голема важност за општините Кисела вода и Сопиште, бидејќи им овозможува на жителите на овие општини подобра врска со централнот градско подрачје,а исто  така и за останатите жители од Скопскиот регион, на кои со подобрената инфраструктура, ќе им се овозможи уште едно место за излет и рекреација.

Изведувач на работите на патот е Фабрика Карпош АД Скопје.

Центарот за развој на Скопски плански регион како носители на проектот “Реконструкцијата на пристапниот пат кон рекреативниот центар Теферич “преку Министерство за локална самоуправа (МЛС) т.е. Бирото за регионален развој (БРР) за двете фази со вкупна должина од 1000 м, т.е 1км  вкупно има обезбедено средства во висина од 11.000.000,00 дена.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. Седиштето на Центарот за развој е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, односно општина Гази Баба.

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Беласица бр.2,
Скопски саем, кат 1
П.Ф. 1, 1130 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3218 480
тел.: +389 2 3218 481
факс: +389 2 3218 480

contact@skopjeregion.gov.mk