Почитувани,

Се информира јавноста и сите заинтересирани правни и физички лица од Скопскиот регион дека во рамките на проектот ‘’Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски одржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски плански регион’’, финансиран од Инструментот за предпристапна помош на Европска Унија – ИПА на ден 21.07.2017година во Салата на Советот на Град Скопје, со почеток во 10ч. ќе се одржи Јавна расправаорганизирана од страна на Министерството за животна средина и простпрно планирање на Република Македонија и Секторот за животна средина.

На Јавната расправа ќе биде претставена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС) за Скопскиот регион која беше подготвена во рамките на проектот.

Преземете го соопштението за јавност на следниов линк.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. Седиштето на Центарот за развој е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, односно општина Гази Баба.

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Беласица бр.2,
Скопски саем, кат 1
П.Ф. 1, 1130 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3218 480
тел.: +389 2 3218 481
факс: +389 2 3218 480

contact@skopjeregion.gov.mk