Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на јавните расправи кои се организираат по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Нацрт – Регионалниот план за управување со отпад за Скопски регион. Овие документи се изготвуваат во рамките  на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски плански регион "(EuropeAid / 136347/IH/SER/ MK)”, финансиран од Европска Унија преку инструментот за предпристапна помош (ИПА).

На јавната расправа ќе бидат презентирани главните наоди и заклучоци од процесот на подготовка на нацрт извештаите, предложените мерки и алтернативи од страна на консултантскиот тим ангажиран на нивна изработка.

(линк до поканата)

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. Седиштето на Центарот за развој е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, односно општина Гази Баба.

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk