На ден 06.09.2017 година во просториите на Стопанска комора на Р.Македонија со почеток од 10:30 часот ќе се одржи седница на Советот за развој на Скопски плански регион. На седницата ќе присуствуваат Председателот на Советот за развој на Скопски плански регион, Градоначалникот Сокол Митроски и градоначални од Скопскиот регион.

Во тек е реализација на проектот ‘’Реконструкција на дел од пристапен пат до рекреативен центар ‘’Теферич’’ - Фаза 2. Средствата се обезбедени од страна на Биро за регионален развој (БРР)/Министерство за локална самоуправа (МЛС) согласно програмата за регионален развој за 2017 година. Носител на проектот е Центарот за развој на Скопски плански регион, а партнери се општините: Кисела Вода, Сопиште, Град Скопје.

Средствата за реализација на овој проект се во висина од 5.539.797,00 ден, каде што Општина Кисела Вода од својот буџет кофинансира 1 091 340,00 ден.

Почитувани,

Се информира јавноста и сите заинтересирани правни и физички лица од Скопскиот регион дека во рамките на проектот ‘’Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски одржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски плански регион’’, финансиран од Инструментот за предпристапна помош на Европска Унија – ИПА на ден 21.07.2017година во Салата на Советот на Град Скопје, со почеток во 10ч. ќе се одржи Јавна расправаорганизирана од страна на Министерството за животна средина и простпрно планирање на Република Македонија и Секторот за животна средина.

На Јавната расправа ќе биде претставена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС) за Скопскиот регион која беше подготвена во рамките на проектот.

Преземете го соопштението за јавност на следниов линк.

Бизнис центарот при Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, Ве поканува на информативен настан кој ќе се одржи на  06.03.2017 со почеток во 09:30, во Скопски Саем – Дипломатик сала.

На настанот ќе биде презентиран повикот за инструментите Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

  АГЕНДА
9:30 - 9:45 Регистрација на учесниците
9:45 - 10:30 Кратка презентација на Фондот и правила и процедури за финансирање на инструментот
10:30  -11:30  Подготовка на предлог проекти, информации за софтвер и презентација на апликацискиот пакет
11:30 - 12:00 Прашања и одговори

 

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. Седиштето на Центарот за развој е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, односно општина Гази Баба.

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk