На ден 14.02.2019 во хотел Холидај Ин , Центарот за развој на Скопски плански регион го организираше првиот Регионален форум на заедницата во рамките на проектот “ Одржлив и инклузивен рамномерен регионален  развој”, кој се реализира со финансиска поддршка  на Швајцарската конфедерација, преставувана од Амбасадата  на Швацарија  во РМ, Швајцарска Агенција за развој и Министерството за локална самоуправа на РМ.

На настанот присуствуваа претставници од сите заинтересирани страни: општини, бизнис сектор, граѓански сектор, образовни институции, граѓани и други чинители.

Присутните гости ги поздрави Министерот за локална самоуправа, г-дин Сухејл Фазлиу, Претседателот на советот на Скопски плански регион, Градоначалникот  на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и Раководителот на Центар за развој на Скопски плански регион, Љупчо Кец Мицковски. Настанот го модерираше г-ѓа Жаклина Цветковска. На форумот присуствуваа претставници од проектната единица на Швајцарската Агенција за развој како и претставници од Министерството за локална самоуправа на РМ.

Целта на проектот е да  ги зголеми  имплементацијата на политиките за регионален  развој ,за да се намалат регионалните диспаритети , со цел да се поттикне  локалниот и регионалниот развој во насока на подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани.

Преку овој партиципативен и демократски модел на одлучување граѓаните ќе ги идентификуваат и изберат најприоритетните проекти за регионот, од кои најмалку еден проект ќе биде реализиран, како проект со  со највисок интерес и со најголемо регионално влијание и бенефит на целата заедница.

Во насока на критериумите за избор на проритетните теми за кои ќе се развијат идејни проекти, на денешниот настан беа формирани следниве работни групи: заштита на животна средина, социјална инклузија, општинска администрација, бизнис сектор, туризам, култура, урбанизам.

Во рамките на приоритетните области, секој тим издвои неколку приоритетни проблеми за кои меѓу присустните се разви дискусија. Во рамките на процесот на спроведување на наредни активности од проектот и издвојување на приоритетни проекти, Центарот за развој на Скопски плански регион ќе спроведе уште два форуми во текот на овој месец.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk