Центарот за развој на Скопскиот плански регион ги поканува сите заинтересирани граѓани и засегнати страни да присуствуваат на Втората форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата, што ќе се одржи на 21 февруари (четврток), во хотелот „Холидеј Ин“, со почеток во 10,00 часот.

Целта на Втората форумска сесија е презентација на концептите за предлог- решенијата за дел од најприоритетните проблеми во Скопскиот регион.

Најрелевантните концепти ќе бидат развиени во предлог проекти, а еден регионален проект ќе биде имплементиран со расположивиот фонд.

Форумскиот процес е дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и од Министерството за локална самоуправа.

ГРАЃАНИТЕ ОДЛУЧУВААТ!
ПОГРИЖИ СЕ И ТИ ЗА НАШАТА ИДНИНА!
УЧЕСТВУВАЈ!

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk