Одржан состанок во општина Чучер Сандево со Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски и секретарот на општината г-дин Александар Прсевски. На состанокот се разговараше за успешната реализација на заедничките проекти. Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со општината имаат спроведено неколку проекти меѓу кои се и “Поддршка на ЕЛС за подобрување на енергетската ефикасност преку изработка на програми и акциони планови за енергетска ефикасностќ“, “Чистење на коритото на р. Серава (Физибилити студија со Основен проект)“; “Изработка на проектна документација за реконструкција на „локален пат Александар Урдаревски-Рудници Бањани КОЦКА“ и сл.

Во 2018 година Центарот за развој на Скопски плански регион поднесе апликација до Агенцјата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој со мерката ПРР 323 каде општината Чучер Сандево се јавува како партнер во проектот. Се работи за проектот ‘’Реконструкција на локален пат с.Орман- Чучер Сандево со изградба на мост на река Лепенец’’ за кој сеуште се чека за одобрување.

Во 2019 година ќе следи ревидирање на Програмата за развој на Скопски плански регион. Општина Чучер Сандево е дел од настаните кој се во организација на Центарот за развој на Скопски плански регион, па така несебично очекуваме да допринесат и во изработка на новата Програмата за развој на Скопски плански регион која ќе почне со подготовки на пролет оваа година, а ќе биде во вазшност за период од 2020 -2024 година.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk