Во посета на општина Шуто Оризари, Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион,  г-дин Љупчо Кец Мицковски оствари средба со Градоначалникот на општината г-дин Курто Дудуш. Целта на состанокот беше соработката на центарот и општините. Во изминатите години преку Центарот за развој на Скопски плански регион во партнерство со општината аплицирани се неколку проекти. Се разговараше за моменталната состојба на општината, кои се нивните планови, приоритети и можности.

Преку програмата за регионален развој за 2019 година, Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со општина Центар аплицираше во Бирото за регионален развој / Министерство за локална самоуправа со проектот “Изработка на техничка документација за реализација и проширување на ул.2, ул.3 и дел од населба Шуто Оризари до село Горно Оризари”.

Центарот за развој на Скопски плански регион е носител на повеќе плански документи меѓу кои и  Програма за развој на Скопски плански регион 2015-2019, која оваа година ќе се ревидира. За таа цел Општина Шуто Оризари како и останатите општини од Скопскиот регион се очекува да дадат голем придонес во обновувањето на истата која ќе биде во важност во периодот 2020-2024 год.

Престои работна година за Центарот за развој на Скопски плански регион согласно законските одредби, мерките и насоките за работа и сето тоа се разбира во корелација со општините и градот Скопје.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk