Центарот за развој на Скопски плански регион успешно го имплементира проектот “Воспоставување на систем за управување со отпад од пакување,батерии и електронски отпад” на Скопскиот плански регион,во соработка со Гоу Грин,а које е финасиран од Министерство за животна средина и просторно планирање. Целта на проектот придонесе за развивање на јавната свест за негативните последици и влијанија врз животната средина поради неправилно постапување (слектирање) со отпадот во трите општини. 

Проектот се имплементираше во три општини, и тоа, општина Арачиново, Општина Студеничани и Општина Зелениково а со цел : 

  • Развивање на јавната свест за негативните последици и влијанија врз животната средина поради неправилно постапување (слектирање) со отпадот 
  • Воспоставување на систем за управување со отпад 
  • Воспостаување на институционална соработка во насока на колективно постапување со отпадот 

Отпадот е еден од главните еколошки проблеми во многу европски земји, па и во Република Македонија. Земајќи го во предвид фактот дека количините на отпад постојано се зголемуваат, неопходноста од едукација на населението, а посебно едукација од најмала возраст, за негово селектирање и рециклирање, како и востпоставување на системи за управувањее со отпадот, е од витална важност за заштита на животната средина, намалувањето на загадувањето како и заштита на здравјето на граѓаните. 

Најголем дел од отпадот во Република Македонија се депонира на легалните но и на илегалните-таканаречени диви депонии. Правилното управување и рециклирањето на отпадот помага во намалување на количините на отпад во легалните депонии и потполно искоренување на дивите депонии во Скопскиот регион, што последователно би донело до намалување на загадувањето на почвата и воздухот во градот. 

Правилнот управување со отпадот допринесува до зачувување на природните ресурси, заштедува енергија и ги намалува емисиите на стакленичките гасови кои придонесуваат за глобални климатски промени со што ќе овозможиме зачувување на здрава и зелена околина за идните генерации. 

Отпадот претставува голем проблем за многу локални самоуправи. Со правилна стратегија и имплементација, какао и со постојана обука и подигање на свеста на граѓаните за значењето на рециклирањето и управувањето со отпад може овозможат понатамошен раст и развој на локалната заедница и ќе допринесе за подобри услови на живот на населението во тие општини. 

Во таа насока, организирање на едукативна кампања за правилна селекција на електронскиот отпад и постапување со истиот како и воспоставување на систем за управување на батериите во корпа за рециклирање, на територијата на трите општини , се превзема правилен чекор во унапредување на едукацијата на децата и подигање на свеста на населението во заштитата на животната средина. 

Позитивните резултати од овој проект, претставуваат потик едукацијата на децата за значењето за правилна селекиција и рециклирање да се имплементира и во сите останати општини во скопскиот плански регион. 

На училиштата кои учествуваа во овој проект им честитаме за постигнатите резултати и се надевам дека наученото ќе го пренаесат и на останатите ученици и наставници во нивните училишта.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk