Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со УНДП, одржа Работилница за „Подобрување на општинското владеење“ на ден  13 Јули, 2018 година во хотелот „Континентал“ Скопје.

На кратко беше направена презентација на грантовата шема за поддршка на Центрите за развој на планските региони од Г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска – Проект менаџер УНДП.

Следеше и презентација на проектните идеи кои веќе беа доставени до Центарот за развој  на Скопски плански регион. Секој од апликантите имаше можност со краток опис да го презентира сопствениот проект.  

На работилницата беа поканети и присуствуваа претставници од општините и граѓанскиот и бизнис секторот.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk