На 9ти Јули во Владата на Република Македонија беа потпишани договори за имплементација на нови четири проекти за развој на Скопскиот плански регион, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби.

Проектите се финансирани од Буџетот на државата, конкретно од Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој, во вкупна вредност од 14.078.000,00 денари.

Корисници на средствата и имплементатори на проектите се Центарот за развој на Скопски плански регион и општините од Скопскиот регион. Главно станува збор за инфраструктурни проекти или проектна документација за поголеми проекти.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk