Во очекување на објавувањето на Јавен повик  од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година за Мерките 321, 322 и 323, Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со Агенција за финасика подрашка во земјоделство и рураниот развој на Р.М на ден 20.06.2018 година одржа Работилница во хотел Континентал. На работилницата присуствуваа претставници од општините во Скопскиот регион.

Целта на Работилицата беше подетално запознавање на идните корисници за условите и начинот на аплицирање за престојниот јавен повик. Се дискутираше за  мерките и тоа:

  • 321 - Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини
  • 322 - Обнова и развој на селата и
  • 323 - Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk