Во просториите на Општина Кисела Вода на 29.05.2018 се одржа петтата Седница на Советот за развој на Скопски плански регион. На Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион, Градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски и раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска. На седницата присуствуваа градоначалниците од Скопскиот регион.

На Седницата беше презентиран реализираниот проект “Изведба на електрична инсталација во пештерата ,, Врело- кањон Матка” финансирaни од страна на МЛС/БРР 2017 година.

Со цел подобрување на туристичката понуда и претставување на нови туристички атракции во Скопски плански регион, Директорот на Агецијата за подршка и промоција на туризмот во Р.Македонија, г-дин Љупчо Јаневски направи презентација со отворените можности и активности кои ги презема Агенцијата во насока на поттикнување на зголемен прилив на туристи во Скопскиот Регион.

На Седницата беше презентирана информација за пристап до грантова шема - Поддршка на Центрите за развој на планските региони за спроведување на грантовата шема (2018-2020) во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” за аплицирање со регионални предлог проекти и нивно финансирање од страна Министерство за локална самоуправа- МЛС и Швајцарска агенција за развој – (СДЦ).

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk