Во организција на Центарот за развој на Скопски плански регион на ден 15.12.2017година во х.Континентал се одржа работилница на тема:   Јакнење на капацитетите и значењето на регионалниот развој – воспоставување на координација помеѓу ЛЕР одделенијата во општините од Скопскиот плански регион и ЦРСПР “.

На работилницата беа поканети претставници од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој , Општините од Скопкиот регион како и од Бизнис секторот. Свое  поздравно обраќање на работилницата имаше  Ракодителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г- ѓ Розета Арсовска. Таа нагласи дека оваа работилница е од особена важност како за новите членови на ЛЕР одделенијата во општините така и за старите со кои до сега одлично се соработувало.

Вработените во Центарот за развој на Скопски плански регион преку презентации се потрудија да ги пренесат суштинските работи за центарот, односно имаа можност да ги запознаат учесниците со начинот на спроведување на политиките за рамномерен регионален развој и тоа:

  • Закон за рамномерен регионален развој на Р. М., г-дин Ванчо Ќулумоски - Советник за правни и нормативни работи
  • Стратегија за рамномерен регионален развој на Р. М., г-дин Ванчо Ќулумоски - Советник за правни и нормативни работи
  • Програма за развој на Скопски плански регион 2015 – 2019, г-дин Озан Адемовски - Координатор за регионален развој
  • Работата и функционирањето на ЦРСПР, г-ѓа Розета Арсовска - Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион
  • Стратешки документи со регионално значење, Розета Арсовска - Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион
  • Изработени анализи и студии значајни за регионалниот развој и Скопскиот плански регион, г-ѓа Розета Арсовска, Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион
  • Изработени технички документации од страна на ЦРСПР за Скопскиот плански регион, г-ѓа      Розета Арсовска - Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион
  • Програма за рамномерен регионален развој на Р. М. , г-ѓа Ирина Тростјанска - Советник за административно-технички работи
  • ИПА Програма за прекугранична сорботка Р.М – Р.К  2014 - 2020, г-ѓа Ирина Тростјанска - Советник за административно-технички работи
  • Програма за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, г-дин Игор Трошански, претставник од Министерството за  Земјоделије шумарствои и водостопанство -  Тело за управување со ИПАРД

Посебен интерес предизвика презентацијата на Програмата за користење на средствата од инструментот за предпристапна помош за рурален развој на европската унија ИПАРД  за пероодот од 2014-2020 година реализирана од г-дин Игор Трошански, претставник од Министерството за  Земјоделије шумарствои и водостопанство -  Тело за управување со ИПАРД.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk