На ден 04.12.2017 година во просториите на Стопанска комора на Македонија се одржа II (втора) седница на Советот за развој на Скопски плански регион.

Седницата ја отвори и со неа раководеше Председателот на Советот за развој на Скопски плански регион, Г-дин Борис Георгиевски.

Текот на седницата се одвиваше по дневниот ред. Акцентот беше ставен на петтата и шестата точка од дневниот ред каде беа разгледани и едногласно усвоени  проекти кои во текот на 2018 година ќе бидат финансирани од страна на Министерство за локална самоуправа / Биро за регионален развој.

Покрај градоначалниците од Скопскиот регион, на седницата присуствуваше и претставничка од Фондацијата Метаморфозис, г-ѓа Лилјана Пецова Илиевска која изврши презентација за проектот Одговорност,  Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа –ACTION SEE.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk