Центарот за развој на Скопски плански регион во рамките на проектот “Иновативни  решенија за подобар пристап  до услугите на локално ниво ” на Министерството  за локална самоуправа, спроведуван од страна на Програмата  за развој на Обединетите нации (УНДП) на 07.12.2017 год. во просториите на х.Континентал организираше презентација на нацрт верзијата на  “Регистарот на потенцијали за рурален туризам во Скопски плански регион”.На настанот беа поканети прествници од општините и бизнис секторот.

 Целта на настанот беше да се презентираат податоците  од истражувањето на потенцијали  како евидентна листа  за локална туристичка понуда во Скопскиот плански регион.

Поздравувајќи ги присутните, настанот го отвори Раководителот на Скопскиот плански регион г-ѓа Розета Арсовска при што ја истакна целта и значењето на проектот како можност за идентификување на потенцијали особено значајни за руралниот туризам во Скопскиот плански регион. Следуваше презентацијата од проф. Д-р. Науме Мариноски кој нагласи дека атракторите се клучни во понудата на таргетот на  планскиот регион во рамките на проектот. При презентација на Регистарот на потенцијали за рурален туризам во Скопски плански регион професорот, изрази голема благодарност до општините и нивната соработка при што сите дополнувања и податоци кои  се дискутираа на првата работилница и кои дополнително биле доставени се вметнати  во нацрт верзијата. Податоците се однесуваат на повеќе области и тоа: животната средина, население, економска активност, производство и услуги, пристап, транспорт и патувања, култура, културни активности, спорт и рекреација, сместување и ресторани, посетеност на туристи и туристичка потрошувачка како и конкуренцијата во опкружувањето. На настанот  се разви плодна дискусија со кратки дополнувања на нацрт верзијата од страна на учесниците.

На крај проф. Д-р. Науме Мариноски им се заблагодари на присутните за нивно учествуво  и соработка при изготвување на “Регистарот на потенцијали за рурален туризам во Скопски плански регион”.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk