Вработените од Центарот за развој на Скопски Плански Регион, предводени од раководителот Г-ѓа Розета Арсовска беа во посета на Градоначалникот на Општината Ѓорче Петров, Г-дин Сокол Митровски, кој воедно ја врши и функцијата Председател на Скопски Плански Регион. На средбата се разговараше за реализираното до сега и за проектите кои треба во иднина да се реализираат на ниво на регионот.

Воедно, Г-ѓа Арсовска се заблагодари за безрезервната поддршка од досегашниот Председател на ЦРСПР, Г-дин Митровски и за неуморната работа на терен, секогаш кога за тоа ќе имало потреба. Во Скопски Плански Регион членуваат 17 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, од кои десет се градски, а седум се рурални општини. По завршување на мандатот на Градоначалникот Митровски ќе се избира нов Председател.

Мандатот на Председателот трае 2 години, а Градончалникот  Митровски оваа функција ја извршуваше во два мандати.

За време на мандатот на Претседателот Митровски беа реализирани многу проекти и технички документации од кои поважни се:

  • Реконструкција на дел од локален пат од с. Свиларе од спојот со локален пат кај Стопански Двор (општина Ѓорче Петров до границата со општина Сарај)“ во должина од 267,80м 
  • Реконструкција на пристапен пат Драчево – Мотел Китка –во должина од 530м
  • Реконструкцијана дел од пристапен пат до рекреативен центар „Теферич” во должина од 1км.
  • Изработка на тех. документација за регулација и уредување на коритото на река Лепенец од границите на ГУП на Град Скопје, до границите на Р. Македонија со  Р. Косово во  должина од 9км.
  • Изработка на основен проект за реконструкција - проширување и надградба на патниот правец од с. Патишка Река до регионалниот пат  Р-104, во должина од 16 км.
  • Подобрување на инфраструктурните услови за економски развој во општините Студеничани, Зелениково и Кисела Вода“ во должина од 21км.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk