На ден 06.03.2017 година во просториите на Скопскиот Саем се одржа информативен настан за четвртиот повик за инструментите од Фондот за иновации и технолошки развој и тоа: 

“Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф и  Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации”. На средбата беа поканети претставници од бизнис секторот при Скопскиот плански регион, како и претставници од образовните институции, коморите и граѓанските здруженија.

Претставниците од Фондот за иновации и технолошки развој,  ги образложија предизвиците со кои се соочува евалуационата комисија за анализа на пристигнатите апликации. Дополнително беше образложено каде апликантите треба најмногу да внимаваат при пополнувањето на апликацијата, беше презентирана буџетската рамка во рамките на апликацијата со цел апликантите да направат успешна апликација.

Согласно наметнатите теми од двете презентации, помеѓу присутните се разви дискусија околу можностите за финансирање како и административните препреки со кои се соочуваат иноваторите.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. Седиштето на Центарот за развој е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, односно општина Гази Баба.

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk