Во организација на Центарот за развој на Скопски плански регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната Агенција на ден 14.02.2017 година се одржа информативен настан на тема: „Можности кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020” во Скопски саем, сала Дипломатик.

елта на информативниот ден беше  да се информираат потенцијалните апликанти за можностите кои ги нуди новата ИПАРД Програмата 2014-2020. На овој настанот беа презентирани две мерки :

Инвестиции во материлјани средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи” и 

Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизниси

На настанот земаа учество претставници од агро бизнисот и  консултанти. Согласно можностите кои се нудат од оваа програма, помеѓу присутните се разви дискусија околу намената на средствата во одгледувањето на живина и пчеларството. Претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потенцираа дека заинтересираните апликанти би можеле да се информиаат за процесот на аплицирање, како и предизвиците со кои би се соочиле во процесот на имплементација на проектот. Дополнително експертите потенцираа дека од особено значење на апликантите би им била и соработката со надворешни консултанти кои ги следат административните, законските и техничките измени.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk