Центар за развој на Скопски плански регион го реализира   проектот „Реконструкција на дел од пристапен пат до рекреативен центар „Теферич“ – Фаза 1 во должина од 500м.Партнери на проектот се  Градот Скопје и општините Кисела Вода и Сопиште.

Проектот е од големо значење бидејќи  ги поврзува општините Кисела Вода и Сопиште. Овој патен правец е единствената врска со Рекреативниот центар ,,Теферич"  кој е еден од најуваб и најживописен предел, со викенд куќи, како и црквата Св. Преображение Христово . Со реализација на овој проект ќе се подобри  животниот стандар на жителите, ќе се зголеми посетеноста до туристичкиот и рекреативен центар Теферич ,а со самото тоа  ќе се создадат услови и за подобар економски развој.Поставен е нов асфалт,  нови тротоари  поплочени со бехатон плочи и канделабри за осветлување на патот.

Проектот  е финансиран  од страна на Бирото за регионален развој (БРР)/Министерство за локална самоуправа (МЛС) согласно програмата за регионален развој 2016 година и од буџетот на општина Кисела Вода. Висината на с-вата за реализација на проектот изнесува 5.547.071,00 денари.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. Седиштето на Центарот за развој е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, односно општина Гази Баба.

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Беласица бр.2,
Скопски саем, кат 1
П.Ф. 1, 1130 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3218 480
тел.: +389 2 3218 481
факс: +389 2 3218 480

contact@skopjeregion.gov.mk