На ден 31.10.2016 година се одржа трет работен состанок на тема:Состојбата на каналските мрежи во Скопскиот плански регион. На состанокот присуствуваа претставници од општините, градот Скопје и релевантните министерства и институции надлежни за каналските мрежи во Скопскиот регион.

Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со Светска банка и Министерство за финасии на 14.10.2016 година одржаа информативен настан за вториот проект за подобрување на општинските услови. На настанот присуствуваа дел од градоначалниците како и претставници од седумнаесетте општини во рамките на Скопскиот плански регион.  Презентацијата за грантовите и кредитните линии и нивните поволности, ја спроведе г-ѓа Љубица Патлиџанковска, Претставник од Светска Банка во Македонија.

Раководителот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, г-ѓа Розета Арсовска, при воведното обраќање, истакна дека настанот е со цел да се надминат нејаснотиите при подготовката на проектните и техничките документации како и да се надминат грешките за кои што најчесто се има забелешка од  евалуационите комисии при Светска Банка.

На ден 13.10.2016 година Центарот за развој на Скопскиот плански регион во соработка со ГИЗ ЛЕИВ (Германско друштво за меѓународна соработка), одржа работилница за разгледување на Акциониот план за развој за 2016 година и дополнување на истиот со нови предлог проекти за 2017 година. На средбата беа поканети претставници од седумнаесетте општини и Градот Скопје во рамките на Скопскиот плански регион и претставници од бизнис заедницата и здруженијата на работодавачи. 

Се дискутираше за секој проект поединчно. Дел од проектите се во целост завршени или ќе бидат завршени во тековната година, додека дел согласно обемот на техничките документации, им следува изведба во наредни фази, или ќе бидат префрлени за реализација во наредните години. Согласно проектите , се дискутираше за надлежностите кои треба да ги имаат општините. Тука се наметна прашањето за опсегот на проектите, каде согласно новите правила проект од регионално значење, претставува проект кој вклучува 3 општини.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk