Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски оставри средба со Генералениот секретар на Владата на Република Македонија, г-дин Драги Рашковски. Приемот на Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион беше од информативен карактер.

На ден 11.01.2019 година во просториите на Стопанската Комора на РМ, се одржа состанок помеѓу Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, м-р Љупчо Кец Мицковски, Директорката  на дирекција  за други форми на организирање и работа при комората, Анета Трајковска и Координаторот на бизнис центарот  при ЦРСПР, Викторија Митрикеска.

На средбата Раководителот, Љупчо Кец Мицковски ги претстави целите и активностите на центарот во насока на зајакнување на соработката со бизнис секторот и другите чинители. Согласно дискусијата, се изрази интерес за понатамошна соработка во рамките на политиките за поттикнување на инвеститори во Скопскиот регион ,како и подобрување на условите за работа на бизнис секторот,согласно нивните комуникации и активности кои ги имаат со општините од Скопскиот регион. За таа цел,се начна иницијатива за организирање  на понатамошни меѓусебни тркалезни маси и дискусии кои се од интерес на чинителите од двете страни. Директорката, Анета Трајковска посочи на  меѓусебно споделување на идеи за развојни проекти, каде што во рамките на истите би се зголемил опсегот на заеднички активности.

Одржана информативна средба помеѓу Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски и Градоначалникот на Град Скопје, г-дин Петре Шилегов. Цел на средбата беше информација за моменталната состојба на Центарот за развој на Скопски плански регион, начинот на негово работење и проектите кои се имплементираат преку него.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk