Изработката на регионалните стратегии за иновации има за цел стимулација на иновациите, претприемништвото и подобра искористеност на иновативниот потенцијал на регионите преку зајакнување на соработката помеѓу истражувачките центри и бизнис заедницата, фокусирајќи се на развојот на МСП.

За таа насока потребно е да се определат начините како да се зголеми иновативноста во регионот со користење на ограничените локални, национални и Европски финансиски фондови, притоа оптимизирајќи ги капацитетите за истражување и развој (и во образовниот и во бизнис секторот), постојниот бизнис потенцијал и капацитетите на компаниите во делот на усвојување и користење насовремени технологии, а сето ова да биде поддржано од локалната и регионална администрација.

Клучниот фокус на ваквите стратегии е зголемување на конкурентноста на локалните и регионалните мали и средни претпријатија во насока на градење на економија базирана на знаење, преку зајакнување на врските и соработката помеѓу истражувачките центри (академскиот сектор), бизнисот, администрацијата и невладиниот сектор (т.н. четиристран хеликс).

За таа цел Центарот за развој на Скопскиот плански регион, со финансиска поддршка од ГИЗ LEIWW + (Германско друштво за меѓународна соработка) ја подготви Регионална Стратегија за иновации.

Кликни и преземи: Регионална Стратегија за иновации & Акционен план

На ден 06.03.2017 година во просториите на Скопскиот Саем се одржа информативен настан за четвртиот повик за инструментите од Фондот за иновации и технолошки развој и тоа: 

“Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф и  Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации”. На средбата беа поканети претставници од бизнис секторот при Скопскиот плански регион, како и претставници од образовните институции, коморите и граѓанските здруженија.

Во организација на Центарот за развој на Скопски плански регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната Агенција на ден 14.02.2017 година се одржа информативен настан на тема: „Можности кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020” во Скопски саем, сала Дипломатик.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk