Одржан состанок помеѓу Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски и Раководителот на сектор за отпад, г-ѓа Aна Мазнева Каранфиловска. Секторот за управување со отпад ги  остварува целите и приоритетите во делот на  отпадот, што произлегуваат од стратешките и плански документи, учествува во процесот на целосно транспонирање на правото на ЕУ во националното законодавство, но и на локалано ниво и обезбедува висок степен на интегрирано управување со отпадот во Република Македонија, истакна г-ѓа Каранфиловска.

Одржан состанок помеѓу Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски и Раководителот на сектор за одржлив развој и инвестиции, г-ѓа Каја Шукова. Секторот за одржлив развој и инвестиции е сектор во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање, надлежен за креирање и спроведување на политики за одржлив развој, животна средина и климатски промени, како и подготовка и спроведување на Програмата за инвестирање во животната средина и капитални инвестиции од областа животна средина. Одржливиот развој е развој што ги задоволува потребите на сегашните генерации без да ја загрози можноста идните генерации да ги задоволуваат своите потреби.  Одржливиот развој е развој кој е социјално одговорен и правичен, прифатлив за животната средина и кој се потпира врз основните постулати на граѓанското општество.

Во насока на подобрување на животната средина, на Центарот за развој на Скопски плански регион во 2018 година му беа одобрени средства за намена на проектот “Воспоставување на систем за управување со отпад од пакување, отпадни батерии и електронски отпад“, кој се спроведе во три општини. Исходот од спроведувањето на проектот е позитивен, постигнато е планираното и очекуваното. Предмет на разговор беа можностите на центарот како носител  и општините како партнери во искористување на с-вата кои се предвидени во програмите кои следат.

Македонија има сериозен предизвик во поглед на правилно искористување на расположливите финансиски ресурси при усогласувањето со соодветните барања од доменот на животната средина.

Одржана информативна средба помеѓу Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски и Градоначалникот на Општина Центар, г-дин Саша Богдановиќ. Цел на средбата беше информација за моменталните активности на Центарот за развој на Скопски плански регион. Преку програмата за регионален развој за 2019 година, Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со општина Центар аплицираше во Бирото за регионален развој / Министерство за локална самоуправа со проектот “Реконструкција на коловоз на ул. Рилски Конгрес, Локалитет Тасино Чешмиче”. Покрај Општина Центар, партнери во проектот се и Општина Кисела Вода и градот Скопје.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk