Одржан состанок во општина Студеничани каде се сретнаа Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски и секретарот на општината г-дин Бурханедин Нухију. На состанокот се разговараше за успешната реализација на заедничките проекти како и можностите за понатамошна соработка. Последна соработка на Центарот за развој на Скопски плански регион и општина Студеничани беше во спроведување на проектот  Реконструкција на пристапен пат Драчево – Мотел Китка – фаза 3.

Раководителот на ЦРСПР г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа куса средба со градоначалникот на Општина Аеродром, г-дин Златко Марин. Средбата беше од информативен карактер, размена на информации, искуства, поврзани со работата на центарот и општините од Скопскиот регион.

Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа информативен состанок со Градоначалникот на Општина Петровец г-дин Борче Митевски. Се разговараше за потребите и работата на општината, за меѓусебната соработка со  Центарот за развој на Скопски плански регион, за идни и постоечки проекти кои обезбедуваат можности до поголем развој на општината.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk