Центарот за развој на Скопски плански регион успешно го имплементира проектот “Воспоставување на систем за управување со отпад од пакување,батерии и електронски отпад” на Скопскиот плански регион,во соработка со Гоу Грин,а које е финасиран од Министерство за животна средина и просторно планирање. Целта на проектот придонесе за развивање на јавната свест за негативните последици и влијанија врз животната средина поради неправилно постапување (слектирање) со отпадот во трите општини. 

Во тек е реализација на проектот ‘’Реконструкција на дел од пристапен пат до рекреативен центар ‘’Теферич’’ - Фаза 3. Средствата се обезбедени од страна на Биро за регионален развој (БРР)/Министерство за локална самоуправа (МЛС) согласно програмата за регионален развој за 2018 година, и Општина Кисела Вода. Носител на проектот е Центарот за развој на Скопски плански регион, а партнери се општините: Кисела Вода, Сопиште, Град Скопје.
Средствата за реализација на овој проект се во висина од 5.658.926,00 ден.

Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со УНДП, одржа Работилница за „Подобрување на општинското владеење“ на ден  13 Јули, 2018 година во хотелот „Континентал“ Скопје.

На кратко беше направена презентација на грантовата шема за поддршка на Центрите за развој на планските региони од Г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска – Проект менаџер УНДП.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk