На 26 октомви 2009 година во општина Гевгелија во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се одржа средба помеѓу Заменик Министерот за Животна средина и просторно планирање Г-а Соња Лепиткова со градоначалниците членови на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и раководните лица од Јавните комунални претпријатија од Југоисточниот плански регион. 

Во четврток, на 30 април 2009 година, во хотелот „ Тивериопол“ – Струмица, свечено беше извршена промоција на формирањето на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со седиште во Струмица.

На 30.04.2009 година (четврток), во 11:00 часот, Хотел Тивериопол – Струмица ќе се одржи свечената промоција на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Овој Центар е резултат на сите напори и активности за имплементација на Законот за рамномерен регионален развој во Република Македонија (донесен во мај 2007 година).
На промоцијата се очекува присуство на Министерот за Локална Самоуправа, како и Министри и претставници на повеќе министерства, меѓународни организации, амбасади итн.

На 30.04.2009 година (четврток) во 11:00 часот, Хотел Тивериопол - Струмица ќе се одржи свечената промоција на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

На 15.03.2019 во просториите на Стопанската Комора на Македонија се одржа единаесеттата Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.

На средбата покрај градоначалниците од Советот за развој на Скопски плански регион, присуствуваа Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и кооординација на економските ресори Д-р Кочо Анѓушев, Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, Директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи како и преставници од Швајцарска Амбасада и Швајцарска Агенција за развој и соработка.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk