Во организација на Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со  Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на ден 23.03.2018 година во просториите на Стопанска комора, се одржа работилницата на тема: “Унапредување и развој на руралната инфраструктура”.  

Целта на работилницата беше да се согледаат потребите и подготвеноста на општинската администрација за спроведување на мерката.

На работилницата присуствуваа преставници од општините како и двајца преставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со  објавувањето на Вториот јавен повик за изразување на интерес за “Инвестиции на подгрантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзување во дестинациите”, кој е објавен од страна на Единицата за спроведување на проектот за “Локална и регионална конкурентност (ПЛРК), а финансиран од страна на Европска унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПАII), Центарот за развој на Скопски плански регион организираше работилница на која беа поканети претставници од општините на Скопскиот регион.

На ден 27.12.2017  во Општина Гази Баба - салата за состаноци  се одржа III (Трета) Седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион. Со Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Скопскиот плански регион, Градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски и раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска.

На седницата присуствуваа градоначалници од Скопскиот регион и овластени претставници од општините.

Во организција на Центарот за развој на Скопски плански регион на ден 15.12.2017година во х.Континентал се одржа работилница на тема:   Јакнење на капацитетите и значењето на регионалниот развој – воспоставување на координација помеѓу ЛЕР одделенијата во општините од Скопскиот плански регион и ЦРСПР “.

На работилницата беа поканети претставници од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој , Општините од Скопкиот регион како и од Бизнис секторот. Свое  поздравно обраќање на работилницата имаше  Ракодителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г- ѓ Розета Арсовска. Таа нагласи дека оваа работилница е од особена важност како за новите членови на ЛЕР одделенијата во општините така и за старите со кои до сега одлично се соработувало.

Центарот за развој на Скопски плански регион во рамките на проектот “Иновативни  решенија за подобар пристап  до услугите на локално ниво ” на Министерството  за локална самоуправа, спроведуван од страна на Програмата  за развој на Обединетите нации (УНДП) на 07.12.2017 год. во просториите на х.Континентал организираше презентација на нацрт верзијата на  “Регистарот на потенцијали за рурален туризам во Скопски плански регион”.На настанот беа поканети прествници од општините и бизнис секторот.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk