Во организација на Центарот за развој на Скопски плански регион финансиски поддржан од GIZ LEIWW+(Германско друштво за меѓународна соработка), на ден 13.10.2016 година на Скопски саем со почеток во 11ч., ќе се одржи работилница на тема:Ревидирање на Акционен план за реализација на Програмата за развој на Скопски плански регион за 2016 година.

Во врска со објавениот Јавен повик на Министерството за финансии, ЈАВЕН ПОВИК БР. МСИП2 01/2016 за доставување на барања за користење на средства од МСИП 2 предвидени во компонентата А - Општински инвестиции, Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со Светска банка и Министерство за финасии, а финансиски поддржан од GIZ LEIWW+ (Германско друштво за меѓународна соработка), на ден 14.10.2016 год со почеток во 10:30, локација: х.Континентал – сала: Континентал клуб, ќе се реализира Презентација на “ Вториот проект за подобрување на општинските услуги”.

Целта на оваа презенатција е подетално запознавање со видот на програмата како и за условите за нејзино аплицирање. Истовремено, презентацијата ќе се осврне и на најчестите проблеми и грешки кои се јавуваат при аплицирање со цел истите да се избегнат при поднесување на нови предлог-проекти.

Презентацијата ќе ја вршат претставници од МСИП проектната единица при Министерството за финансии и претставник од Канцеларијата на Светска банка во Скопје.

На ден 27.09.2016 во организација на Центарот за развој на Скопски плански регионсе одржа состанок на темаСостојбата на каналските мрежи во Скопскиот плански регионСостанокот го отвори и со него  раководеше Претседателот на Советот на Скопскиот плански регион, Градоначалникот на општина Ѓорче Петров г-дин Сокол Митровски.

Во врска со подготовката на Регионалниот План за Управување со Отпад (РПУО) за Скопски Плански Регион, кој се изработува од страна на Енвироплан С.А, (Тим лидер) во конзорциум со LOUIS BERGER, BiPRO GmbH, EPEM S.A., SRL Consulting Limited (Partners) во рамките на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски плански регион“ – EuropeAid/136347/IH/SER/MK, во прилог се следниве документи:

На ден 22 Јуни 2016 година со почеток во 10:00 до 14.00 часот - Бизнис салата на Скопски саем,Скопје ќе се одржи Информативен настан кој е организиран од странан на Бизнис Центарот при Центар за развој на Скопски Плански Регион и Фондот за иновации и технолошки развој.

Целта на овој Информативен настан е појаснување на начинот на аплицирање на третиот ЈАВЕН ПОВИК на Фондот за иновации за доделување на средства преку  Инструментот за поддршка - „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф“. За овој инструмент може да добијат средства микро, мали и средни претпријатија.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk