На ден 06.09.2017 година Центарот за развој на Скопски плански регион ја одржа XIX (деветнаесетата) по ред  седница на Советот за развој Скопскиот плански регион на која беше одржана во просториите на Стопанската комора на Македонија.

На седницата се донесе одлука за промена на седиштето на Центарот за развој на Скопски плански регион , чии канцеларии ќе се наоѓаат во просториите на Стопанска комора на Македонија на ул .Димитрие Чуповски бр.13. Покрај градоначалниците од Скопскиот регион, на седницата присуствуваше и претставничката од МЖСПП г-ѓа Ана Каранфилова Мазнева која сподели информација која е поврзана за проектот ‘’Изработка на неопходна документација за воспоставување на интегриран и финансиски одржлив систем за управување со отпад во Скопскиот регион,, односно околу поставувањето на трансфер станиците во општините на Скопскиот регион.

На средбата се дискутираше за тековните проекти на Центарот за развој на СПР како и за следни активности.

Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со проектниот тим составен од Фонадацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), Мрежата за раурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) и Акција за рурален развој (АкРРа), како имплементатори на проектот ,,Национален рурален парламент како глас на руралното население – НРП’’, финансиран од ЕУ на ден  13.07.2017 одржа средба, на која беа поканети граѓански организации од Скопскиот регион.

Центарот за развој на Скопски Плански регион во соработка со Центарот за обуки на Секретаријатот за Европски прашања, во рамките на твининг проект за  градење на капацитети за ЕУ и евро-интеграциите, организирaa работилница која се одржа на 25.04.2017 година во просториите на Скопски Саем, Дипломатик сала.

Целта на работилницата беше да се презентираат отворените повици за финансирање од ЕУ наменети за институциите, граѓанскиот и приватниот сектор како и да се презентираат активностите на Центарот за обука на Секретаријатот за прашања на Р.Македонија.

На ден 24 април, 2017година во просториите на Скопски саем се одржа Конференција на тема: „Креирање на млади лидери претприемачи“. Во своето обраќање почитуваните панелисти пренесоа дел од своите работни и животни искуства, акцентот беше ставен на развојот и начинот како да се создадат нови претприемачи, потоа создавање на млади лидери претприемачи како носители на развојот на Македонија, млади претприемачи кои имаат основано сопствени компании во странство и странски инвеститори во своите компании.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk