Центарот за развој на Скопски плански регион во рамките на проектот “Иновативни  решенија за подобар пристап  до услугите на локално ниво ” на Министерството  за локална самоуправа, спроведуван од страна на Програмата  за развој на Обединетите нации (УНДП) на 07.12.2017 год. во просториите на х.Континентал организираше презентација на нацрт верзијата на  “Регистарот на потенцијали за рурален туризам во Скопски плански регион”.На настанот беа поканети прествници од општините и бизнис секторот.

На ден 04.12.2017 година во просториите на Стопанска комора на Македонија се одржа II (втора) седница на Советот за развој на Скопски плански регион.

Седницата ја отвори и со неа раководеше Председателот на Советот за развој на Скопски плански регион, Г-дин Борис Георгиевски.

На ден 27.11.2017 година во просториите на Стопанска комора на Македонија се одржа Конститутивна Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.

Седницата ја отвори и со неа раководеше Градоначалникот на општина Гази Баба, Г-дин Борис Георгиевски. На седницата присуствуваа  Градоначалниците од Скопскиот регион, заменик Министерот за локална самоуправа Г-дин Дејан Павлевски како и Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Г-дин Кирил Парталов.

Вработените од Центарот за развој на Скопски Плански Регион, предводени од раководителот Г-ѓа Розета Арсовска беа во посета на Градоначалникот на Општината Ѓорче Петров, Г-дин Сокол Митровски, кој воедно ја врши и функцијата Председател на Скопски Плански Регион. На средбата се разговараше за реализираното до сега и за проектите кои треба во иднина да се реализираат на ниво на регионот.

Центарот за развој на Скопски плански регион во рамките на проектот “Иновативни  решенија за подобар пристап  до услугите на локално ниво ” на Министерството  за локална самоуправа, спроведуван од страна на Програмата  за развој на Обединетите нации (УНДП) на 12.10.2017 год. во просториите на х.Континентал организираше работилница  за идентификување  на регистар на потенцијали  за рурален туризам во Скопски плански регион. Целта на работилницата беше да се презентираат податоците  од истражувањето на потенцијали  како евидентна листа  за локална туристичка понуда во Скопскиот плански регион. Присутните гости ги поздрави Раководителот на Скопскиот плански регион г-ѓа Розета Арсовска при што ја истакна целта и значењето на проектот како можност за идентификување на потенцијали особено значајни за руралниот туризам во Скопскиот плански регион. Концептот за проектот и целите на активноста ги презентираше проф.Д-р. Сашо Коруноски, национален експерт  за туризам на УНДП. Истражувањето во Скопскиот плански регион и образложение  на матрицата со податоци  како цел за развој на регистарот за потенцијали  за рурален туризам, беа презентирани од професорите  Д-р Науме  Мариноски и Д-р Иванка Несторовска.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk