Контакт инфо

Адреса:
Ул. Димитрија Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје, Македонија

contact@skopjeregion.gov.mk
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

На ден 16.12.2011 во просториите на Хотел Континентал  се одржа информативен ,,Форум за пристапот LEADER", организирана од страна на Мрежата за рурален развој(МРР на РМ) во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и во соработка со  Центарот за развој на Скопски плански регион.

На 25 Октомври 2011 година, со почеток во 10,30 часот  во просториите на Општина Гази Баба се одржа Работилница за дефинирање на предлог проекти од регионален карактер кои ке бидат финансирани од БРР во 2012 год. Во Работилницата замаа учество вработените од секторите/оделенијата за ЛЕР од општините од Скопскиот плански регион.

Како дел од ИПА програмата, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со планските региони во тек е спроведување на проектот ,,Изработка на неопходна документација за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион”. Проектот е финансиран од страна на Европската унија, а како краен корисник се јавуваат погоре посочените плански региони. Формираниот Управен Одбор составен од претставници на повеќе институции,општини,  заедно со претсавници од Европската унија се директно инволвирани во следење и спроведување на проектните задачи. Проектот започна да се спроведува на 22 декември 2015 година и истиот ќе се спроведува во период од 24 месеци. Севкупната цел на проектот е да се постигне интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпадот во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот регион.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk