Контакт инфо

Адреса:
Ул. Беласица бр.2, Скопски саем, кат 1
П.Ф. 1, 1130 Скопје
Македонија

contact@skopjeregion.gov.mk
тел.: +389 2 3218 480
тел.: +389 2 3218 481
факс: +389 2 3218 480

На ден 22,23.05.2013 год (среда и четврток ) во хотел Континетал се одржа работилница за Стратешко планирање на Центарот за развој на Скопски плански регион, организирана од страна на ГИЗ РЕД и Центарот за развој на Скопскиот плански регион.

Работилницата беше официјално отворена од страна на г-дин Хамси Бехлули, преставник на ГИЗ РЕД, координатор за Скопскиот регион. Преглед на надлежностите на Центарот за развој на Скопски плански регион ги презентираше г-ѓа  Анета Лозаноска Раввлинсон, директор на Центарот.На работилницта учество земаа претставници од ЛЕР секторот од сите општини во Скопскиот плански регион,преставник од МЛС – сектор за Регионален развој, од Градот Скопје и од Навладини организации. Целта на работилницата беше да се изработи нов Стратешки план на Центарот за развој на Скопски плански регион.

На ден 27.05.2013год (понеделник) во просториите на Скопски саем , Дипломатик сала се одржа средба за размена на искуства од областа на организација и управување со отпад и меѓуопштинската соработка со цел зајакнување на регионалната структура за управување со отпад.Средбата ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион.

На средбата освен Градоначалниците и директорите на јавните комунални претпријатија од Скопскиот плански регион, присуствуваа и  гости од локалната самоуправа на Холандија, замениците градоначалници, директорот на регионалното комунално претпријатие ГАД и директорот за развој на иновации во ГАД.

Скопскиот плански регион на ден /20.06.2013 година/ во 11,00ч, ја пушти во употреба првата автоматска метеоролошка станица во Скопската котлина, што претставува почеток на градењето на мрежата за мезометеоролошки мерења на Градот Скопје. Станицата ќе мери температура на воздухот, релативна влажност, правец и брзина на ветерот и количеството на врнежи и ќе овозможи континуирано следење на временските прилики во Скопје во текот на годината, а со повеќегодишно мерење ќе се добијат показатели за промените на климата во Скопската котлина.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. Седиштето на Центарот за развој е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, односно општина Гази Баба.

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Беласица бр.2,
Скопски саем, кат 1
П.Ф. 1, 1130 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3218 480
тел.: +389 2 3218 481
факс: +389 2 3218 480

contact@skopjeregion.gov.mk