На ден 27.05.2013год (понеделник) во просториите на Скопски саем , Дипломатик сала се одржа средба за размена на искуства од областа на организација и управување со отпад и меѓуопштинската соработка со цел зајакнување на регионалната структура за управување со отпад.Средбата ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион.

На средбата освен Градоначалниците и директорите на јавните комунални претпријатија од Скопскиот плански регион, присуствуваа и  гости од локалната самоуправа на Холандија, замениците градоначалници, директорот на регионалното комунално претпријатие ГАД и директорот за развој на иновации во ГАД.

Средбата ја отворија претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион г-дина Сокол Митровски и г-ѓа Ана Каранфиловска Мазневска од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-ѓа Анета Л. Раввлинсон ја презентираше Националната и регионалната структура, создавање на меѓуопштинска мрежа и управување со отпад во Скопски плански регион, а г-ѓа Ана Каранфиловска Мазневска ја презентираше законската обврска за регионалното управување со отпад.Потоа директорот на регионалното комунално претпријатие ГАД ја презентираше сегашната состојба со управување на отпад во Холандија и кажа како било преходно.

На крај се разменија искуствата помеѓу преставниците од холандскиот регион ГАД и преставниците од Скопскиот регион.

      

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk